Реал Мадрид ТВ: После вакво судење тешко е да се очекува тимот да освојува титули

Официјалниот ТВ канал на Реал Мадрид го критикуваше судењето на натпреварот против Бетис одигран на „Сантијаго Бернбаеу“. На крајот „кралевите“ славеа триумф со 2-0 со двата гола на Мбапе. До 67 минута резултатот беше 0-0, а потоа Мбапе поведе со 1-0, а потоа беше досуден пенал за домашните по асистенција на ВАР.

Реал Мадрид ТВ го нападна главниот судија Алеберола Рохас, кој беше критикуван дека не досудил барем уште два удари од белата точка, и имаат замерки на тоа што не досудил прв пенал во моментот кога потоа на асистенција на ВАР, сепак, покажа на 11 метри.

Првиот спорен момент е кога топката удри во раката на Диего Љоренто додека тој беше во својот шеснаесетник, а втората спорна одлука е стартот на Сабали над Себаљос во вториот дел.

„Ова со Љоренте е пенал од учебник“, коментираа од телевизијата на Реал Мадрид. „Раката не му е до телото. Ова е тажно. Истото е и со случајот на Себаљос. Тоа беше силен удар во неговата нога. Судијата мораше да го види ова, се случи пред неговите очи. Судијата Алберола бараше изговор и по третиот спорен момент. Но, го повикаа од ВАР, па немаше избор. Прво тој досуди офсајд, иако помошникот не го подигна знамето. Судијата е неспособен. Се сомневаме на судењето во целина. Зошто ВАР не интервенираше и при првите две ситуации? Постои кампања која има за цел да го оцрни Реал Мадрид. Вистинско чудо ќе биде ако Реал ја освои титулата. Не само во Шпанија, туку и во Европа“, беше коментарот на коментаторите на Реал Мадрид ТВ.

Се вчитува...