Српскиот репрезентативец Филип Костиќ, и натаму трага по нов клуб откако стана јасно дека не е во плановите на Тиаго Мота, тренерот на Јувентус. Се споменуваа многу тимови за следна дестинација, но тој и натаму е дел од тимот од Торино, но тоа наскоро може да се смени.
Турскиот Галатасарај го завршува преодниот рок со две звучни имиња. Покрај Виктор Осимен, сега се интересира и за Костиќ, кој сака да го доведе во своите редови како позајмен.
Турскиот гигант е блиску до ангажман на Осимен како позајмен од Наполи, и сега би можел да биде засилен со српскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА