Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за почетните два натпревари во Лигата на Нации против Фарски Острови на гости, и против Ерменија на домашен терен.
Националите денеска во комплетен состав почна да тренира и да ги „мести коцките“ најпрво за дуелот во Торшавн на 7. октомври, а потоа и во Скопје три дена подоцна.
На собирот денеска селекторот Благоја Милевски го немаше само голманот Дамјан Шишковски, кој требаше да се приклучи вечерва на репрезентацијата. Националниот тим во четврток на пладне заминува во Торшавн. Натпреварот се игра во сабота во 15:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА