Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ се соочува со нови проблеми при составувањето на тимот пресрет натпреварите од Лигата на нации.
По Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, заедно со многуте претходни оставки, уште тројца „орли“ му порачаа на Пикси дека нема да му бидат достапни. Таму поради повреди ќе ги нема ниту Милош Вељковиќ, Немања Максимовиќ и Алекса Терзиќ.
Вељковиќ минатиот викенд не играше во Бундеслигата за Вердер, исто како што Максимовиќ не играше за Панатинаикос во грчкото првенство. Терзиќ веќе извесно време е повреден и попладнево не се појави на тренингот во Стара Пазова.
Србија во четврток ќе игра против Шпанија на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, а в недела ќе и гостува на Данска во Копенхаген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА