Репрезентативецот на Јужна Кореја Ин-Бом Хванг и официјално беше претставен како фудбалер на Феенорд.
Феенорд го официјализираше Кореецот, што дефинитивно ги згасна надежите на навивачите на Звезда дека Хванг може да остане во Белград. Црвена звезда за овој трансфер ќе добие отштета во висина од 8 милиони евра.
Кога пред една година пристигна од Олимпијакос, беше договорено да биде вклучена откупна клаузула која без проблеми ја исплати Феенорд.
New destination: Rotterdam 📍
🇰🇷 Inbeom Hwang, 페예노르트에 온 걸 환영합니다. pic.twitter.com/f2NNt3Mm2H
— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) September 2, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА