Анадолу Ефес тргнува по потписот на Џеди Осман

Турскиот кошаркар роден во Македонија, Џеди Осман доби шест милиони причини да размислува за враќање во Европа по седум години во НБА, шест во Кливленд Кавалирс и една во Сан Антонио Спарс.

Италијанскиот кошаркарски „инсајдер“ Андреа Калцони на социјалната мрежа Твитер, повикувајќи се на лични извори, објави дека Анадолу Ефес испратил понуда до турскиот кошаркар роден во Охрид, што подразбира дека тој во следните три сезони ќе заработува два милиони евра годишно во Истанбул.

Калцони наведува дека за 29-годишниот кошаркар се заинтересирани и други евролигашки тимови, но дека Ефес засега е најконкретен. Во игра беше и српскиот Партизан, но клубот од Белград нема да може да ја плати цената која што ја нуди Ефес.

Се вчитува...