Неверојатни сцени беа видени на УС Опен, поточно на натпреварите кои се одиграа синоќа во Њујорк. Имено, сите натпревари беа прекинати по десет минути, а причината беше апсолутно бизарна.
Во зградата каде што се наоѓа системот „соколово-око“ се вклучил аларм за пожар, при што сите биле принудени да ја напуштат зградата.
Оваа вест стигнала до супервизорите на турнирот, а потоа и до судиите на теренот, а на тенисерите им било објаснето зошто морало да се прекинат натпреварите. На крајот се испостави дека е лажна тревога, па сите брзо се вратија на своите места и натпреварите продолжија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА