Легендарниот Дадо Пршо дел од тренерскиот тим на францускиот великан

Легендарниот хрватски репрезентативец Дадо Пршо има тренерска работа. Тој се приклучи на штабот на тренерот Бруно Ирлес во францускиот гигант Бордо, соопшти францускиот клуб.

За потсетување, Бордо минатата сезона се натпреваруваше во втората лига на францускиот фудбал, а клубот доживеа тотален колапс летово кога му беше одземена лиценцата, која го означува професионалниот статус на клубот. Некогаш познатиот  француски клуб, сезонаваа ќе мора да игра во четвртата француска лига.

Клубот на официјалниот твитер профил објави дека Пршо се приклучил на стручниот штаб.

Се вчитува...