Црвена Звезда го доведе и Круниќ, без да му плати ниту евро на Фенербахче

Црвена Звезда е исклучително активна пред крајот на овој преоден рок, а српскиот првак одлично ги инвестира парите добиени од продажбата на Хван во Феенорд (околу осум милиони евра).

„Црвено-белите“ успеаја да го вратат во своите редови Радоњиќ, а од денеска нов член на овој клуб ќе биде и Раде Круниќ, поранешниот фудбалер на Милан кој пред нецела година беше продаден во Фенербахче за сума од 3,5 милиони евра. Репрезентативецот на БиХ го загуби првотимскиот статус по доаѓањето на Мурињо на тренерската функција, а инсистирањето на Португалецот овој играч да си замине значително ја олесни и работата во преговорите за „црвено-белите“.

Како што информираат српските медиуми, Круниќ ќе потпише договор на три години, а Црвена Звезда нема да плати ниту евро за овој трансфер. Имено, клубовите се договориле Фенер да не добие отштета летово, но затоа турскиот тим ќе има 50% од следниот трансфер на Круниќ, кој се надева дека веќе следното лето би можел да се врати во некоја од Топ 5 лигите во Европа.

Се вчитува...