Галатасарај доведе неколку врвни засилувања летово, а откако на тимот му се приклучи и Виктор Осимен стана јасно дека турскиот првак поради преголема конкуренција ќе мора да се ослободи од дел од фудбалерите кои лани дадоа значаен придонес за титулата.
Заха беше испратен на позајмица во Лион, а член на Галатасарај од денеска не е ниту Керем Актуркоглу, офанзивниот играч кој беше значаен првотимец ланскиот шампионат. Бенфика е новата дестинација во кариерата на овој фудбалер, откако Галата ја прифати понудата од 12 милиони евра (плус 10% од следниот трансфер), а Актуркоглу веќе ги мина лекарските прегледи и го стави потписот на договорот со португалскиот гигант.
„Пресреќен сум што сум овде, Бенфика е европски гигант, штом слушнав за интересот од овој клуб веднаш посакав да дојдам. Желбата ми е иста како и секогаш, да победувам, да освојувам трофеи“, изјави турскиот ас по потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

