Горанчо Георгиев, нов тренер на Осогово

Само еден освоен бод  во првите три кола од есенското првенство на Единствената  Втора фудбалска лига на Македонија беше причина Осогово од Кочани да се раздели од досегашниот шеф на стручниот штаб Добринчо Илиевски. По неговата очекувана оставка, раководството на Осогово веднаш реагираше и за нов шеф на стручниот штаб е поставен Горанчо Георгиев, познато фудбалско име.

Во својата богата фудбалска кариера Георгиев има  играно за Осогово, Силекс, Работнички Кометал, Шкендија, Брегалница (Ш) и прилепска Победа. Како фудбалер на Работнички  има пет настапи и за сениорската репрезентација на Македонија. Георгиев поседува „А “ тренерска лиценца, последниве години живееше и работеше како тренер во помали клубови во Германија.

Своето деби  на клупата на Осогово Горанчо Георгиев ќе  го има на пријателскиот меч со  Брера во сабота во Струмица.

М.М

Се вчитува...