Уште една тренерска смена во македонската Втора лига. Изненадувачка промена и на клупата на Детонит Плачковица која спогодбено се раздели со Иван Варадиновски.
Детонит Плачковица изминативе две кола освои четири бода во првенството, па промената на Варадиновски, со кого клубот минатата сезона играше бараж за Прва лига, е изненадување за домашната фудбалска јавност.
Како што е познато, претходно промена имаше и на клупата на Осогово каде на местото на Добринко Илиевски седна Горанчо Георгиев кој е и поранешен играч на клубот од Кочани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА