Хаос во Фудбалскиот сојуз на Србија – Пикси се заканувал со оставка ако…

Промени во Фудбалскиот сојуз на Србија пред стартот на новата сезона од Лигата на нации. Промената на генералнит секретар Јован Шурбатовиќ и директорот на спортскиот сектор, Мирослав Танјга не беше по мирен пат. Напротив, на неа инсистирал селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.

На синоќешната седница на ФСС, селекторот Драган Стојковиќ – Пикси барал на дневен ред да се разговара и за смена на Шурбатовиќ и Танјга. Дури и се заканил дека нема да ја води репрезентацијата на престојните натпревари од Лигата на нации против Шпанија и Данска, доколку не се прифати тој негов предлог.

Но, и покрај тоа, на синоќешната седница воопшто не дошла на дневен ред и темата за смената на генералниот секретар и директорот на спортскиот директор, што предизвикало дополнителни тензии. Па, во насока на смирување на ситуацијата во националниот тим, денеска итно била свикана телефонска седница со една точка на дневниот ред – смена на Шурбатовиќ и Танјга. Одлуката за нивно разрешување е брзо донесена.

На тој начин победила струјата предводена од Драган Стојковиќ кој уште еднаш доби поддршка од Управниот одбор и ќе ја води селекцијата на 5. септември на дуелот против европскиот шампион Шпанија во Белград.

Се вчитува...