Абутовиќ: Столе и Недановски ме убедуваа дека зелено не ми стои!

Српскиот интернационалец Илија Абутовиќ кој беше миленик на навивачите на Вардар, сега се одлучи да се врати во македонскиот ракомет и тоа во редовите на лутиот ривал на црвено-црните, екипата на Е. Пелистер.

Сега Абутовиќ сама да им помогне на битолчани да ја продолжат доминацијата во македонскиот ракомет од изминативе години.

Во интервју за „Балкан хендбол“, Абутовиќ меѓу другото зборуваше и за тоа што мислат неговите пријатели од Вардар, тренерот Владо Недановски и помошникот Стојанче Стоилов со кого беше соиграч до пред шест години, за неговата одлука да ги засили „пелистерци“.

„Кога се појавив во хотелот во Струга на кафе, ми дофрлија: зелено не ти стои убаво. Ние сме големи пријатели, минатата сезона ги следев сите натпревари и на Вардар и на Пелистер. Македонија има посебно место во моето срце. Но, некои од Вардар и навистина ми се налутија“ – вели Абутовиќ, кој дополни дека имал понуда и од Охрид, но ја избрал онаа од Пелистер.

Абутовиќ беше член на Вардар од 2011 до 2018 година, со кого освои една титула во Лигата на шампионите, а по заминувањето, четири сезони помина во Рајн Некар Левен и две во францускиот Шартр.

Се вчитува...