Кога Нико Шулц во 2019 година дојде во Борусија Дортмунд за цена од 25 милиони евра, се чинеше дека „милионерите“ го решија прашањето со левата бековска позиција, и требаше да биде „новиот Марсел Шмелцер“.
Меѓутоа Шулц не пружаше партии како неговиот претходник, ниту, пак, се снајде во таборот на „милионерите“. Сепак, добиваше повремено шанса, а беше дел и од германскиот национален тим. Меѓутоа во 2020 година беше вмешан во скандал, откако беше осомничен дека ја нападнал физички својата девојка.
Во меѓувреме Борусија Дортмунд го „замрзна“, заврши и со германската репрезентација, а Борусија Дортмунд лани му го раскина договорот предвреме.
Шулц во февруари годинава платил 150.000 евра казна поради овој скандал, но јасно беше дека неговата кариера е веќе готова. Сега бара ангажман во четвртолигаш. Станува збор за тимот на Бабелсберг со кого тренира 31-годишниот Шулц, а наскоро би можел да потпише и договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА