Американците по 18 години ќе имаат финалист на УС Опен

Американските фанови по цели 18 години пауза повторно ќе имаат свој сонародник за да навиваат во големото финале на УС Опен, откако Франсис Тиафо и Тејлор Фриц обезбедија пласман во полуфиналето, каде еден против друг ќе играат за место во мечот за трофејот. Енди Родик е последниот Американец кој учествувал во финалето на УС Опен уште во 2006 година, кога загуби од Роџер Федерер, а американската тениска јавност конечно дочека новата генерација да стигне до позначаен резултат во Њујорк.

 Тиафо стигна до место во полуфиналето откако Григор Димитров го предаде четвртфиналниот дуел со Американецот. Бугарскиот ветеран одлично се претстави на овој турнир, но немаше сили за битката со Американецот, па при резултат 2-1 во сетови за Тиафо и 4-1 во четвртиот сет, Димитров реши да го прекине мечот.

Тејлор Фриц по голема битка успеа да слави над Александар Зверев со 3-1 во сетови, стигнувајќи до своето прво полуфинале на гранслем турнирите. Пресудна беше подобрата концентрација во тајбрејковите вопрвиот и во четвртиот сет што му ја донесе големата победа на Фриц.

На женскиот дел од турнирот, Сабаленка ја оправда фаворитската улога декласирајќи ја Женг од Кина со 6-1, 6-2 за место во полуфиналето. Таму втораа носителка ќе се сретне со Американката Наваро, која славеше со 2-0 во сетови над Бадоса.

Се вчитува...