УС Опен се приближува до крајот, а покрај настапите на теренот во фокусот на јавноста се уште е и допинг-скандалот во кој беше вклучен Јаник Синер. АТП одлучи дека позитивните допинг-тестови на Синер по Индијан Велс биле случајни му даде зелено светло да продолжи да се натпреварува без никаква суспензија, предизвикувајќи бурна реакција кај останатите тенисери кои тврдат дека Италијанецот добил специјален третман во однос на сите останати кои имале позитивни тестови во минатото.
На темата синоќа говореше и тенискиот великан Роџер Федерер, кој истакна дека го разбира бесот на останатите поради целата ситуација.
„Апсолутно ја разбирам фрустрацијата на сите играчи кои се незадоволни бидејчи Синер дефинитивно беше третиран на поинаков начин од сите останати. Мнозинството од нас верува дека Јаник навистина не направил ништо лошо, но тој воопшто не требаше да игра на УС Опен, не треба да биде на турнирите додека 100% не биде утврдено што навистина се случувало. Тоа е прашањето на кое мораме да добиеме одговор“, прокоментира Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА