Бобан Николов беше и официјално претставен како најновото засилување на Борац Бања Лука откако поранешниот македонски репрезентативец потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион на БиХ.
За услугите на Николов сериозен интерес покажа и Вардар, но искусниот играч за врска на крајот сепак се реши за нов интернационален предизвик.
„Сакам да ги поздравам сите навивачи на Борац со желба за успешна сезона. Момците досега направија историски успех, но се надевам дека нема да застанеме тука, туку со многу храброст ќе одиме по нови победи. Дојдов овде за да му помогнам на тимот и ќе дадам се од себе секогаш кога ќе сум на теренот. Запознаен сум со квалитетот на лигата,знам декапримарна цел е одбрана на титулата. Лигата е се посилна од година во година,а додаден квалитет доби со изградна на нови терени. Се надевам дека и годинава ќе ја овоиме титулата бидејќи само така може да се стигне и до нови европски успеси. Добро се познавам со Шишковски и со Себастијан Херера, мило ми е што се во Борац бидејќи сигурно ќе ми ги олеснат првите денови на адаптација во новата средина“, изјави Николов на промоцијата во Бања Лука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА