Новото засилување на Лос Анџелес Галакси, Марко Ројс го коментираше можното враќање во Борусија (Дортмунд) , каде што ја помина речиси целата своја натпреварувачка кариера до денес.
Договорот на 35-годишниот ветеран со бундеслигашкиот клуб не беше обновен во текот на летото и тој се пресели во МЛС Лигата во САД.
„Кога знаете толку многу луѓе таму и сте толку поврзани, би било глупаво да не се вратите. Јас не сум некој што прави тригодишни планови. Само ќе дозволам работите да се случат“, рече Марко Ројс во интервју за Билд.
Запрашан дали одлуката да го напушти клубот од Дортмунд е негова, поранешниот германски репрезентативец рече:
„Се сретнавме со шефовите и брзо за време на разговорот сфатив дека доаѓа крајот. Беше тешко. Но, важно ми беше да знам и го објавив порано, за да имам време да уживам во последните неколку недели“, изјави играчот од средниот ред.
Германецот изјави дека поради поврзаноста со Борусија Дортмунд не сака трансфер во друг бундеслигашки клуб.
„Да играм за друг тим, а потоа да се соочам со Борусија – тоа не го сакав. И веројатно ја имав последната шанса да направам голем чекор и да доживеам таква авантура. Имаше понуди од други тимови од Бундеслигата, но веднаш ги одбив бидејќи не сакав да играм против Борусија“, изјави Ројс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА