Новото засилување на Јувентус, Франциско Консеисао мораше предвреме да го заврши денешниот тренинг со екипата, поради повреда.
Според последните информации, Португалецот имал истегнување на мускулот, и ќе ги пропушти следните два дуели за „Старата дама“.
Консеисао нема да му биде на располагање на Тиаго Мота на мечевите со Емполи во Серија „А“, и против ПСВ во првото коло во Лигата на шампионите. Се очекува да се врати некаде кон крајот на септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА