Галата не застанува: Го сака Бразилецот од Манчестер Јунајтед

Галатасарај очајно сака да го спречи нивниот најголем ривал Фенербахче да го преземе тронот во турскиот фудбал. Успеаа да го направат невозможното и да го доведат на позајмица еден од најдобрите светски напаѓачи Виктор Осимхен, а судејќи според англиските и турските медиуми Нигериецот не е единственото големо име кое ќе премине во редовите на шампионите.

Искусниот бразилски играч за врска Касемиро од Манчестер Јунајтед би можел да биде новото засилување на Галата. Преговорите за неговото доаѓање се веќе започнати и се во напредна фаза.

Касемиро е под голем напад од навивачите на Манчестер Јунајтед. 32-годишниот играч изгледаше како аматер на теренот против Ливерпул, директно беше одговорен за двата гола на противникот и на полувремето го замени Ерик тен Хаг.

Се вчитува...