Поранешниот репрезентативец Бојан Најденов, ќе ја продолжи својата кариера во гевгелиски Кожуф. Играчот од средниот ред ќе биде огромно засилување за оваа екипа, која има амбиции да се избори за пласман во „елитата“.
Најденов има огромно искуство со настапи во прволигашки екипи како Хоризонт Турново, Работнички, Вардар, Акадеија Пандев, а има и интернационална кариера играјќи во Смуга, Естегал, Лачи, Навбахор, Искра, а последен клуб му беше Локомотив Ташкент.
Најденов има и пет настапи за репрезентацијата на Македонија, и сите на пријателски дуели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА