Средниот блокер на македонската репрезентација Филип Лепидовски, во новата сезона ќе игра во дресот на ОК Струмица, ојави клубот на својот официјален Фејсбук профил.
Лепидовски е трето ново име во таборот на струмичкиот тим за кратко време, откако претходно Струмица се засили со Роман Волков и со Филип Манџуков.
„На Филип Лепидовски му посакуваме најдопло добредојде, успешна сезона и многу освоени поени за плаво-белите“, се вели во соопштението на ОК Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА