Ѓоковиќ испаѓа од Топ 3 на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ е апсолутен рекордер по број на седмици на чело на АТП-листата, но Србинот сега ќе се најде во невообичаена ситуација откако на најновото рангирање нема да биде меѓу најдобрите тројца тенисери во светот.

Причината е јасна, прераната елиминација од УС Опен каде Новак лани беше шампион, годинава испадна во раната фаза, со што ќе загуби дури 1.900 АТП бодови. Со тоа, Ѓоковиќ ќе има 5.560 бода на следната АТП листа и од второто ќе падне на четвртото место. Пред Новак сега ќе биде Карлос Алкараз со 6.690 АТП бода, но и Александар Зверев, кој и покрај елиминацијата од УС Опен ќе скокне на второто место.

На врвот ќе остане Јаник Синер, кој е единствениот од овие четворица кој се уште е во игра за трофејот во Њујорк. Ако Италијанецот успее да стигне до титулата на УС Опен би имал вкупн 11.180 бодови или речиси двојно повеќе од Ѓоковиќ, а Србинот згора на тоа и брани многу повеќе бодови на турнирите до крајот на годинава.

Се вчитува...