Олимписката атлетичарка Ребека Чептеги почина денеска, подлегнувајќи на повредите откако маратонката од Уганда пред неколку дена беше запалена во својот дом во татковината.
Таа во критична состојба беше однесена во болница со над 80% изгореници на телото, лекарите неколку дена се бореа за нејзиниот живот, за денеска Чептеги да не успее да излезе како победничка од најважната битка.
Според информациите од Уганда, уапсен за овој злочин е маж кој до неодамна бил во врска со атлетичарката. Неофицијално, причина за громорозното убиство е несогласување околу продажба на заеднички имот.
Чептеги учествуваше на маратонската трка на ОИ во Париз, каде го освои 44. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

