Мењон ќе го брани Милан до 2029 година

Милан е на добар пат да задржи клучен фудбалер во своите редови по огромниот напредок во преговорите за нов договор со Мајк Мењон. Францускиот голман се наметна како еден од лидерите на тимот откако дојде како замена за Донарума од Лил во 2021 година, па не е изненадување што „росонерите“ прават се што е во нивна моќ за да го задржат што подолго на „Сан Сиро“.

Актуелниот договор на Французинот истекува во јуни 2026 година, а Милан настојува да потпише што поскоро нов договор, за да не ризикува следното лето тој да влезе во последните 12 месеци, што би се одразило и врз неговата цена на пазарот.

Од Апенинскиот полуостров стигнуваат информации дека последната рунда разговори била крајно позитивна и наскоро може да се очекува потпис на продолжување на соработката. Мењон моментно заработува 2,8 милиони евра по сезона, а „росонерите“ се согласиле платата да му скокне двојно во идниа, а со исполнување на неколку клаузули Французинот би можел да достигне и шест милиони евра годишна заработувачка.

Се вчитува...