Легендарниот чилеански тенисер Луис Ајала почина на 91-годишна возраст.
Ајала во својата богата кариера освои 46 титули во сингл. Тој беше особено впечатлив на земја, која беше неговата омилена подлога.
Играше во две финалиња на Ролан Гарос, но не успеа да го освои трофејот.
„Денеска чилеанскиот тенис загуби еден гигант, но неговото наследство ќе живее се додека се игра овој прекрасен спорт“, ја потврдија тажната вест од Чилеанската тениска асоцијација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

