Бодирога: Дражен беше инспирација за целата моја генерација

Легендата на југословенската кошарка Дејан Бодирога говореше за Дражен Петровиќ пред натпреварот што ќе се игра во чест на прерано починатиот кошаркар.

Освен првиот човек на Евролигата, во главниот град на Хрватска има и многу други поранешни и сегашни ѕвезди на европската и светската кошарка меѓу кои и нашиот Ненад Димитријевиќ. Пред вечерашниот меч Бодирога изјави дека Дражен за цела негова генерација, бил инспирација.

„После таа одлична генерација на Кича, Праја, Мока, Чоса, кога почнав да играм кошарка, се појави Дражен. Тој беше инспирација за целата моја генерација. Беше фасцинантно што покажа на теренот и каква разлика направи“, изјави Бодирога. 

Се вчитува...