Португалскиот мотоциклист Мигел Оливеира во следните две сезони ќе ги брани боите на Прамак Јамаха.
Со недели се знаеше дека Оливеира ќе го напушти Тракхаус, бидејќи на негово место ќе пристигне Аи Огура.
Во претходните две години Оливеира ги бранеше боите на американскиот тим, кој е сателитска екипа на Априлија, а претходно возеше за КТМ и Тех3. Португалецот досега забележа пет победи и вкупно седум подиуми во кралската класа.
„За мене е голема привилегија да претставувам легендарна екипа во нашиот спорт како што е Јамаха. Низ моите години на напредок и пристигнување во Мото ГП, секогаш со голем ентузијазам гледав на сините мотори. Сега тоа е реалност и сакам да се заблагодарам на Јамаха за нивната посветеност кон мене во оваа важна преодна фаза од проектот“, рече Оливеира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА