Mарсијал на крајот ќе заврши во Бразил

Антони Марсијал конечно би можел да најде нов клуб. Францускиот напаѓач летово го напушти Манчестер Јунајтед откако му истече договорот.

Како што објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, кариерата би можел да ја продолжи далеку од Европа, поточно во Бразил.

За него се распрашува Фламенго, кој итно бара замена за напаѓачот Педро, кој неделава на тренинг со бразилската репрезентација ги повреди вкрстените лигаменти.

Покрај Фламенго, изминатите денови Марсијал се поврзуваше и со грчкиот АЕК.

Се вчитува...