Необична ситуација им се случи на Ерлинг Халанд и неговите соиграчи од норвешката репрезентација пред натпреварот од Лигата на нации против Казахстан.
Халанд беше еден од петтемина кои добија покана од антидопинг агенцијата да се подложи на тестирање и немаше ништо необично во тоа.
Сепак, покрај имињата на Ерлинг Халанд, Странд Ларсен, Антонио Нуса и Оскар Боб, имаше уште две неочекувани – Ејнар Гундерсен и Јорген Јуве, кои починаа во 1962 година, односно 1983 година.
Станува збор за првиот и третиот најдобар стрелец во историјата на таа репрезентација. Јуве постигна 33, Гундерсен 26, а меѓу нив е Халанд со 31, а тренерот Стале Солбакен смета дека тоа е причината за конфузијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

