Ерик Тен Хаг не промени премногу во Манчестер јунајтед, и покрај тоа што секое лето носи некои нови фудбалери во тимот. Тимот од „Олд Трафорд“ и натаму, се чини, ќе биде далеку од борбата за титулата во Англија.
Холандскиот стратег константно е со изговори за лошите резултати, барајќи трпение од навивачи. Иако, е убеден само во едно:
„Јас сум вистинскиот човек за Манчестер јунајтед. Челниците мене ме одбраа за овој проект“.
Но, шефовите на Јунајтед очигледно го губат трпението. Па, одлучија да му дадат услови на Тен Хаг, кој ако не го исполни ќе биде поранешен.
„На Тен Хаг му е соопштено дека ќе мора екипата на терен да демонстрира доминантност во однос на противниците. Ако тоа не се случи, ќе добие отказ“ – пишува „Гардијан“.
По поразот од Барнли, и дебаклот од Ливерпул, челниците на клубот се одлучиле на итен состанок со Холанѓанецот на кој му е соопштено што дефинитивно се очекува од него наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА