Температурен шок за репрезентативците: Полетаа на +35 од Скопје, а слетаа на цели 25 степени помалку во Торшавн (ВИДЕО)

ЕКИПА во Торшавн, Фарски Острови

Горан Бошев

Вистински температурен шок за македонските репрезентативци на слетувањето во главниот град на Фарските острови, Торшавн, каде во сабота ги очекува стартот на новата сезона од Лигата на нации.

Македонската селекција денеска од 15 часот од скопскиот аеродром со чартер лет полета за Торшавн, испратена од се уште пеколните температури во главниот град на Македонија. Полетаа на +35 степени Целзиусови од Скопје, за да на Фарските острови ги пречека температура пониска за цели 25 степени.

Во Торшавн денеска највисоката температура беше измерене 10 степени Целзиусови.

 

Па, избраниците на Благоја Милевски денеска и утре ќе треба да се адаптираат и на видно поразличните временски услови на Фарските острови, за саботниот натпревар кој ќе се игра со почеток од 15 часот.

Се вчитува...