Без сомнение, еден и единствен. Кристијано Роналдо го постигна својот 900 гол на официјален натпревар во кариерата!
На дуелот на репрезентацијата на Португалија против Хрватска во Лигата на нациите, успеа да постигне погодок за водство од 2-0 во 34. минута и со тоа да се запише во историјата на фудбалот, како прв фудбалер кој дошол до бројка од 900 голови во кариерата.
🚨🎥 – CRISTIANO RONALDO SCORES HIS 900th CAREER GOAL!! 🔥 https://t.co/uKMaAy5XsF
— UF (@UtdFaithfuls) September 5, 2024
Роналдо точно половина од овие 900 гола ги даде во дресот на Реал Мадрид, 145 за Манчестер јунајтед, 131 за репрезентацијата на Португалија, 101 во дресот на Јувентус, 68 за актуелниот клуб Ал-Наср во Саудиска Арабија и пет гола во екипата каде ја почна сениорската кариера, Спортинг Лисабон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

