Одбојкарскиот клуб Струмица не запира со звучните засилувања за новата сезона во македонската одбојка.
По средниот блокер на македонската репрезентација Филип Лепидовски, уште еден репрезентативец ќе го носи дресот на струмичани, либерото Дарко Ангеловски.
Како што објави клубот, Ангеловски е четвртото ново име во таборот на струмичкиот тим за кратко време, откако претходно Струмица се засили и со Роман Волков, Филип Лепидовски и со Филип Манџуков.
„Ни се придружува и омилениот лик на македонската, но и европската публика, либерото на македонската репрезентација, Дарко Ангеловски. Добредојде Шаби. Едвај чекаме да те видиме на терен“ – објавија од ОК Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА