Спектакуларен меморијален натпревар синоќа во Загреб во чест на едно од најголемите кошаркарски имиња кои ги имаше светот, легендарниот Дражен Петровиќ.
Дражен на едно место успеа да собере голем број свои соиграчи од клубовите за кои настапуваше и репрезентациите на поранешна Југославија и Хрватска. А, момент на вечерта сигурно е холограмот на Дражен Петровиќ кој им се обрати на своите соиграчи од хрватската репрезентација.
Кукоч, Раџа, Вранковиќ… и останатите беа на центарот на паркетот во арената во Загреб, овој пат заедно и со холограмот на Дражен, уште еднаш потсетувајќи се на финалето на ЛОИ во Барселона. Сето тоа испратено со звуците на хитот на Нови Фосили, „Како е добро да ти видиме повторно…“, за многу солзи и меѓу присутните во Загреб и кај сите љубители на кошарката од Балканот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА