Ништо од трансферот – Кашемиро останува во Манчестер јунајтед

Бразилскиот фудбалер Кашемиро нема да го напушти Манчестер јунајтед ова лето, и покрај тоа што Галатасарај синоќа се надеваше дека на последниот ден од преоден рок во Турција ќе може да го добие неговиот потпис.

Кашемиро останува на „Олд Трафорд“ се до 2025 година. Бразилецот не сакал да замине, а сето тоа го уважи и Манчестер јунајтед кој ги одби сите понуди на нивна адреса за искусниот фудбалер од средниот ред.

„Му верувам, верувам дека ќе се врати“ – истакна и менаџерот Ерик Тен Хаг, за лошата игра на Кашемиро против Ливерпул.

Се вчитува...