Кристијано Роналдо стигна до бројката од неверојатни 900 голови во својата кариера, со погодокот во синоќешната победа на Португалија над Хрватска од 2-1 во Лигата на нациите.
Но, Роналдо по мечот истакна дека ништо се уште не завршил со своите цели во кариерата…
„Сакам да стигнам до бројката од 1000 голови. Ако нема повреди, тоа за мене е најважната работа, го сакам тоа. Постојат видео снимки од сите голови кои сум ги постигнал. Но, уште не сум завршил“ – истакна Роналдо.
Португалецот крајно емотивно го доживеа својот 900 гол, падна на колена покрај корнер знамето и се расплака.
Роналдо точно половина од овие 900 гола ги даде во дресот на Реал Мадрид, 145 за Манчестер јунајтед, 131 за репрезентацијата на Португалија, 101 во дресот на Јувентус, 68 за актуелниот клуб Ал-Наср во Саудиска Арабија и пет гола во екипата каде ја почна сениорската кариера, Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

