Погледнете ги сите 900 гола на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо на дуелот на репрезентацијата на Португалија против Хрватска во Лигата на нациите, успеа да постигне погодок во победата од 2-1 и со тоа да се запише во историјата на фудбалот, како прв фудбалер кој дошол до бројка од 900 голови во кариерата.

Роналдо точно половина од овие 900 гола ги даде во дресот на Реал Мадрид, 145 за Манчестер јунајтед, 131 за репрезентацијата на Португалија, 101 во дресот на Јувентус, 68 за актуелниот клуб Ал-Наср во Саудиска Арабија и пет гола во екипата каде ја почна сениорската кариера, Спортинг Лисабон.

Се вчитува...