Мемфис Депај конечно најде нов клуб откако летово си замина од Атлетико Мадрид откако не му беше понудено продолжување на соработката со шпанскиот гигант.
Искусниот голгетер беше поврзуван со неколку клубови во Европа, пред неколку дена ја одби понудата на Јувентус, за денеска и официјално да му каже ДА на Коринтијанс. Бразилскиот клуб на почетокот од трката важеше за аутсајдер за потпис на Депај, за во последните денови да ги договори сите детали.
Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и Барселона утре ќе отпатува за Бразил, каде по лекарските прегледи ќе следи и потпис на двогодишен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА