Франција и Италија се среќаваат вечерва во дерби-дуелот на Лигата на Нации, но буквално никој не очекуваше дека домаќините за само 14 секунди ќе успеат да го отворат резултатот на овој меч.
Италија го имаше првиот напад, но Камбијасо и Ди Лоренцо не се разбраа најдобро, а младиот Баркола ја украде топката и мајсторски ја смести во мрежата, на воодушевување на домашните навивачи на стадионот во Париз.
Овој експресен погодок на „триколорите“ можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА