Повремениот македонски репрезентативец Ердон Даци има нов клуб во Белгија. Тој од Вестерло се сели во екипата на Деинзе, која игра во втората по ранг лига во оваа земја.
Даци потпиша договор со оваа екипа на 1+1 година. Напаѓачот е во Белгија веќе трета сезона, откако во 2021 година од Коњаспор дојде во Вестерло, а лани играше како позајмен во Беверен.
Во меѓувреме стана и репрезентативец, и за селекцијата на Македонија одигра еден меч, и постигна еден гол против Ерменија на пријателскиот меч одигран во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА