ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев
Пред денешниот меч помеѓу Фарски Острови и Македонија, во рамките од 1. коло од Лигата на Нации, ова се неколку факти и статистички податоци кои треба да ги знаете.
- Овие две селекции првпат играат официјален натпревар. На 27. март минатата година, двете репрезентации одигра пријателски натпревар во Скопје, кој заврши со победа на Македонија од 1-0. Стрелец на голот беше Бојан Миовски
- Македонија е во серија од шест меча без победа (две нерешени и четири порази), вклучувајќи ги и пријателските натпревари и мечевите од квалификациите за ЕП 2024
- На последните пет натпревари кои ги има играно на туѓ терен, вклучувајќи ги и неутралните, македонската селеција има исто толку порази
- Ако добијат шанса да играат денеска, Кристијан Трапановски и Марио Илиевски ќе дебитираат за националниот тим, а Игор Алексовски и натаму го чека својот прв настап на официјален натпревар
- Фарски Острови е во серија од четири меча на домашен терен во кои има четири порази. Последен пат во Торшавн ја совладаа Турција со 2-1
- Фарски Остови немаат пораз на последните четири натпревари во Лигата на Нации
- На домашен терен Фарски Острови во Лигата на Нации имаат само два порази на последните девет натпревари, и тоа од Азербејџан и Луксембург
- Клаеминт Олсен со 10 гола е најефикасен фудбалер кај Фарски, кај Македонија тоа е Барди со 16 голови
- Играчот Јоан Едмундсон, кој игра за македонскиот тим Шкупи, има 90 настапи за селекцијатан Фарски, што е најмногу од актуелните играчи, и е на само шест натпревари од апсолутниот рекордер на оваа селекција Фроди Бенјаминсен кој има 96
- Селекторот Благоја Милевски има победа над Фарски Острови како предводник на младата репрезентација. На истиот стадион каде што ќе се игра мечот денеска, македонската млада селекција ги совлада „фараните“ со 1-2. Головите за нашата селекција во мечот во 2020 година ги постигнаа Милан Ристовски и Кристијан Ацковски
- Младите репрезентации на овие две земји досега одиграа шест меча, од кои три победи има Македонија, два пати овие два тима одиграа нерешено, и една победа има Фарски Острови, кога славеше пред две години во Скопје
- Македонија нема пораз на отворањата на досегашните три изданија во Лигата на Нации, со биланс од две победи и еден нерешен резултат
- Ниту еден македонски клуб не играл против клуб од Фарски Острови во било кое европско натпреварување
- Според обложувалниците, Македонија е фаворит. Коефициентот за победа на нашата селекција се движи некаде околу 1.90
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА