Луис Суарез со натпреварот против Парагвај се прости од репрезентацијата на Уругвај. Овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што легендарниот фудбалер го одигра последниот меч во репрезентативниот дрес.
Суарез играше од стартот на мечот, а најблиску до гол беше во 18. минута, кога беше на околу 12 метри од голот, со ножички се обиде да ги израдува своите сограѓани на збогувањето, но не успеа во тоа.
По последниот свиреж на мечот кој заврши 0-0 тој почна да плаче, додека соиграчите дојдоа до него и се обидуваа да го утешат. Во дресот на Уругвај одигра 143 натпревари и постигна 69 голови.
And one good day, Luis Suárez retired from La Celeste.
A very emotional night where Luis and many fans shed tears in a beautiful farewell.
Messi and Neymar were on screen too, to congratulate Luis on his career. pic.twitter.com/LMZz0vbG4g
— Barça Purist (@PuristBarca) September 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА