ЖФК Љуботен славеше против Кардиф во ЛШ

Женскиот фудбалски шампион на Македонија Љуботен славеше со 2-0 против велшкиот Кардиф во натпреварот за пласман во квалификациите за новото издание на женската Лига на шампиони.

Двата гола за македонскиот шампион ги постигна репрезентативката Хафа Мустафа во 38. и 93. минута од мечот.

Ова беше прва победа на женски македонски клуб во Лигата на шампионите по пауза од 12 години.

 

Се вчитува...