Мартин најдобар на спринт трката на Мизано

Лидерот во сезоната во Мото ГП шампионатот, Хорхе Мартин е победник на спринт трката за големата награда на Сан Марино која се вози на патеката Мизано.

Мартин имаше одличен старт по кој успеа од четвртото место да избие на првото и до крајот успеа да ја исконтролира трката. Второто место му припадна на актуелниот шампион Франческо Бањаја, додека подиумот го надополни Франко Морбидели кој заврши на третото место.

Марк Маркез по падот во квалификациите на кои го освои деветтото место на крајот успеа да заврши на петтата позиција во спринт трката.

 

Се вчитува...