Ракометарите на Бутел со убедлива победа над МРК Куманово на домашен терен од 29-12 го отворија воведното коло од новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија.
Бутелчани кои домашните натпревари сезонава ги играат во Автокоманда уште од самиот старт тргнаа фуриозно, па веќе на пауза имаа позитива од огромни осум гола разлика (13-5).
Во вториот дел тие само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 29-12. Николов и Михајловиќ со по шест гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Дамјан Јакимовски постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА