Репрезентативната пауза македонските фудбалски клубови ја искористуваат за контролни натпревари со кои ќе ја задржат формата за продолжението од сезоната на домашен план.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар, за првпат од клупата беше предводен од Срѓан Захариевски во убедливата победа над Еуромилк од 0-4. Стрелци за вардарци на овој меч беа: Закариќ на двапати, Омерагиќ и Николовски.
До триумф од 0-4 стигна и Тиквеш на гостувњето кај Победа. Стрелци за кавадарчани беа: Витор на двапати, Леонардо и Маневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА