Фудбалската репрезентација на Холандија славеше на домашен терен против Босна и Херцеговина со 5-2 во еден крајно интересен натпревар на стартот на новото издание на Лигата на нации.
Холанѓаните поведоа со 1-0 со голот на Циркзе во 13. минута од натпреварот. Босна и Херцеговина израмни на 1-1 преку Демировиќ во 27. минута. Ново водство за домаќините 2-1 донесе Рејндерс во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме. На 3-1 зголеми Коди Гакпо во 56. минута. Eдин Џеко во 73. минута намали на 3-2. Холандија во финишот сепак стигна до убедлив триумф (5-2) со головите на Вегорст и Чави Симонс.
Netherlands [3] – 1 Bosnia and Herzegovina – Cody Gakpo 56'
byu/diogovin insoccer
Германија одигра неверојатен меч во кој на домашен терен ја прегази Унгарија со 5-0. Стрелци на головите за „панцирите“ беа: Филкруг, Мусиала, Вирц, Павловиќ и Хаверц.
Germany [5] – 0 Hungary – Kai Havertz 81' (Penalty)
byu/diogovin insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА