Ханси Флик може да здивне откако Дани Олмо се пожали на болка во коленото, но деталните прегледи покажаа дека најновото засилување на Барса сепак нема посериозен проблем и ќе може експресно да се врати на терените.
Олмо настрада по еден дуел на гостувањето со Србија, по што остана да лежи на теренот жалејќи се на болка во коленото, по што мораше да биде заменет. Тој ги пропушти следните два тренинзи на шпанската репрезентација, а фактот дека станува збор за проблем со коленото го запали алармот кај каталонците.
Сепак, деталните прегледи извршени во Швајцарија покажаа дека станува збор само за посилен удар и нема никакво оштетување ниту на лигаментите ниту на менискусот. Олмо вечерва нема да настапи за „црвената фурија“ на гостувањето против Швајцарија, но се очекува по враќањето назад во татковината да почне со тренинзи со Барселона.
Ако нема посериозни компликации, големиот ас би требало да настапи за Барселона на првиот меч по репрезентативната пауза, гостувањето против Џирона закажано за 15 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА